Top Sport

Продолжува „чистката“ во Милан, сега главна цел е Конте

Италијанските медиуми тврдат дека деновите на Џенаро Гатузо на чело на Милан се одброени, откако новите сопственици „Елиот менаџмент“ го „пикирале“ поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте како совршен човек за новатаера во клубот.

Според „Газета дело спорт“ и „Кориере дело спорт“, новиот спортски директор на тимот Леонардо, првата задача ќе ја има да го убеди Конте, поранешниот тренер на Јувентус и Челси, но и селектор на италијанската репрезентација да не паузира предолго од фудбалот. Конте беше заменет од Маурицио Сари по две сезони на „Стемфорд бриџ“.

Претходно Милан го отпуштија спортскиот директор Масимилијано Мирабели. Мирабели заминува откако договорот му беше прекинат и на извршниот директор Марко Фасоне по обвинувањата дека си дал огромно зголемување на платата додека тимот се мачи финансиски, а во вторникот отказ доби и генералниот секретар Џузепе Манџарано.

„Росонерите“ го најавија својот поранешен тренер Леонардо како замена за Мирабели, додека шпекулациите велат дека нов извршен директор ќе биде генералниот директор на Арсенал, Иван Газидис. Паоло Скарони е новиот извршен претседател на клубот.

Scroll to Top