Top Sport

Продолжува европскиот сон на Бодо/Глимт!

Норвешкиот клуб Бодо/Глимт, актуелните шампиони на оваа земја, ја продолжија својата сезона од соништата со пласман во 1/4 финалето на Конференциската лига на УЕФА по драмата против АЗ Алкмар во Холандија.

Бодо/Глимт, кои во групната фаза ги понижија Рома на Жозе Мурињо, а претходно ги елиминираа шкотските Селтик, допатуваа во Холандија со 2:1 предност против Алкмар, но веќе по првото полувреме таа беше поништена. Грчкиот репрезентативец Вангелис Павлидис постигна два гола во првите 45 минути, но Бодо/Глимт одговорија преку Пелегрини за 2:1 по регуларните 90 минути.  Исланѓанецот Алфонс Сампстед беше херој на норвешкиот тим со постигнатиот гол во 106. минута од продолжението.

Scroll to Top