Леганес со 2:0 го совлада Еспањол и му го нанесе 12-тиот пораз во 18 кола во шпанската Ла лига, оставајќи го клубот кој вообичаено се бори за место во Европа „закован“ на последното место на табелата.
Ниту новиот тренер Пабло Мачин не успеа да ја врати формата на клубот од Барселона, кој има само две победи оваа сезона.
Данецот Мартин Брејтвајт во 11. минута го отвори резултатот на „Бутарке“, а Јусеф Ел Несири во 54. минута го потврди триумфот на Леганес, кои се на претпоследното место на табелата со 13 поени, три повеќе од Еспањол, но два поени од безбедната зона.