Рома го доживеа третиот пораз во низа, кој речиси сигурно ќе значи отказ за тренерот Пауло Фонсека, откако на гостувањето на „Луиџи Ферарис“ кај Сампдорија загубија со 2:0.
По катастрофалниот 6:2 пораз од Манчестер јунајтед во првиот меч од полуфиналето на Лига Европа, на Рома сега не и сигурно ниту седмото место во Серија А со кое би се пласирале во Лига Европа, бидејќи Сасуоло е на само два поени од нив.
Адриен Силва ги донесе Самп во водство во финишот на првото полувреме, за Јакуб Јанкто во 66. минута да зголеми на 2:0. Борха Мајорал постигна гол кој беше поништен поради офсајд, пред Един Џеко во 72. минута да утне пенал за гостите.
Рома се седми со 55 поени, 9 зад градскиот ривал Лацио на шестото место и само два пред Сасуоло. Сампдорија се на деветтото место со 45 поени.