Top Sport

Проектилот на Ерера ја сруши Бенфика (Видео)

Порто ја победи Бенфика во Лисабон 1:0, во дербито на 30.коло во шампионатот на Португалија и го направи клучниот чекор кон освојување на шампионската титула. Дербито на „Луж“ стадионот го реши Мексиканецот Ерера во последната минута.

Во фантастична атмосфера, Бенфика во првиот дел пропушти неколку одлини шанси да го отвори резултатот, меѓутоа Икер Касиљас ги одби налетите на домашниот тим. Порто започна да игра во вториот дел, а тавата игра со гол ја круниса Ерера. Мексиканецот на истекот на 90.минута испрати вистински проектил, а топката заврши во мрежата на Бенфика.

Порто со овој триумф се врати на челната позиција на табелата и можност да ја освои првата титула во првенството по 2013 година и да ја прекине четир годишната доминација на Бенфика.

Порто има 78 бода, два повеќе од Бенфика и пет од Спортинг.

Scroll to Top