Top Sport

„Промашив празен гол, во соблекувалната Виера со п…..т ме удри по лицето“

Поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка за медиумите раскажал неверојатна приказна од периодот кога ја започнал кариерата во Арсенал.

Анелка како исклучителен талент во 1997 година од Пари Сен Жермен се преселил во Арсенал. Таму го пречекала голема француска колонија предводена од менаџерот Арсен Венгер.

Две децении подоцна тој решил да раскаже неверојатна приказна од соблекувалната на Арсенал.

Откако на мечот со Фулам утнал празен гол бил „казнет“ од капитенот Патрик Виера, со прекар Долгиот.

„Игравме против Фулам, промашив празен гол. Кога потоа влеговме во соблекувалната ми пријде Виера и в лице ме удри со својот п…с од 35 сантиметри. Во тој момент разбрав што значи неговиот прекар. На никого не му беше јасно зошто го направи тоа“, раскажал Анелка без да навлегува во повеќе детали околу оваа луда приказна.

Поради оваа случка Анелка во 1999 година го напуштил Арсенал. Во кариерата тој играч за големи клубови како Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Јувентус, Фенербахче…

Scroll to Top