Не е никаква тајна дека Јувентус по секоја цена сака да го продадат Марио Манџукиќ. Тренерот Маурицио Сари не смета на неговите услуги, не беше пријавен за настапите во Лигата на шампионите, а нема одиграно ниту минута во Серија А.
Манџукиќ во финишот на летниот преоден рок доби понуда од Катар, меѓутоа откако не успеаја да ги договорат финансиските детали тој остана во Торино.
Во понеделникот италијанските медиуми објавија дека Манџукиќ дефинитивно во јануари ќе замине од Јувентус. Одново во комбинација е клуб од Катар. Од Ал-Духаил наводно му понудила годишна плата од пет милиони евра, што е за 1,5 милиони повеќе од она што го заработува во Јувентус.
Меѓутоа сумата од пет милиони евра била само шпекулација, вистината била дека Катарците му понудила многу помалку, поради што Манџукиќ ги одбил и како сега стојат работите тој ќе остане во Торино.
Доколку не се случи некаков пресврт во целата приказна Манџо ќе остане во Торино до јуни кога ќе му заврши договорот и ќе може како слободен играч да го напушти клубот.
Инаку, изминатиот период 33 годишниот напаѓач најчесто се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед.