Top Sport

Пропаднал трансферот на Матиќ во Интер?

Интер ќе бидат активни во јануарскиот преоден рок. Антонио Конте од челиците на клубот побарал засилувања во нападот и редот за врска.

Ниту еден напаѓач конкретно не се поврзува со Интер, а кога станува збор за играчите од редот за врска најчесто со клубот се поврзуваат Немања Матиќ и Артуро Видал.

Двајцата имаат лимитирана минутажа во Манчестер Јунајтед, односно Барселона, поради што сакаат да ги напуштат актуелните тимови.

Италијанските медиуми пишуваат дека ниту еден од овие двајца нема да пристигне на „Џузепе Меаца“ во јануарскиот преоден рок.

Пречка за евентуалниот трансфер на Матиќ била неговата плата, додека Барселона не сакале да го пуштата Видал доколку тој не биде вклучен во трансфер на Стефано Сенси, Милан Шрињар или Лаутаро Мартинез.

Јасно е дека Интер немаат намера да продадат ниту еден од тројцата наведени играчи.

Полесно на Интер би им било да го донесат Иван Ракитиќ, меѓутоа Конте сметал дека таков профил на фудбалер не му е потребен во тимот.

Scroll to Top