Top Sport

Пропаднал трансферот на Павловиќ во Лацио

Пропадна трансферот на младиот играч на Партизан од Белград, Страхиња Павловиќ, во редовите на Лацио. Павловиќ трет пат не успеал да ги мине лекарските прегледи во Рим, поради што Лацио се откажале од трансферот.

Според италијанските медиуми во Лацио не биле задоволни од ЕКГ резултатите. Тие наведуваат дека во Лацио биле внимателни по случајот со Давиде Астори. Се потенцира дека пречките не биле опасни по живот, но дека од истите причини претходно од трансферот се откажале од Јувентус.

Инаку лекарските прегледи го спречија младиот играч да потпише пет годишен договор со Лацио. Партизан од трансферот требаше да заработат 5,5 милиони евра.

Scroll to Top