Српскиот напаѓач речиси сигурно во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Реал Мадрид и извесно е дека ќе оди на позајмица.
Неговиот агент, Фали Рамадани се состана со челниците на Милан и преговараше Јовиќ кариерата да ја продолжи на „Сан Сиро“. Сепак, најверојатно од тоа нема ништо да испадне.
„Скај“ пишува дека можно е Србинот да се пресели во Вулверхемптон.
„Волците“ се во проблеми затоа што пред извесен период се повреди Раул Хименез, па недостасува напаѓач.
Јовиќ е платен 60 милиони евра, а од доаѓањето во Реал постигна само 2 гола.