Играчот од средниот ред на Глазгов Ренџерс, Карлос Пења официјално се пријави во центар за рехабилитација, по кулминацијата на проблемите кои ги направи во своите клубови.
28-годишниот Пења, кого Мексиканците го сметаа за еден од своите најталентирани фудбалери, минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Круз Азул во неговата татковина, но клубот реши да го отпушти откако прво го фатија како уринира во една фонтана, а потоа купувал алкохол при одење на тренинг.
Сега, Пења, за кого Глазгов минатата сезона платија околу 3 милиони фунти, се пријавил во центарот за помош за откажување од алкохолот во сопственост на легендарниот боксер Хулио Цезар Чавес, објави „ЕСПН Мексико“.
Пења имаше 19 настапи за мексиканската репрезентација, а во 2016 година Гвадалахара плати за негои 8 милиони долари.