Top Sport

Просечна неделна плата во Премиер лигата е 50.000 фунти!

Просечната плата на фудбалерите во Премиер лигата скокна на 50.000 за една недела првпат во историјата.

Сега, просечната годишна плата во сезоната 2017/18 во англиската најдобра лига е вкупно 2.642.508 фунти (или 50.817 фунти неделно), трите клуба кои најмногу им плаќаат на своите играчи не се од Англија, туку од Шпанија и Франција.

Барселона е на првото место по истражувањето на ГССС со просечна плата од 6.6 милиони фунти – тука се вклучени 500.000 фунти неделно за новото продолжување на договорот на Меси, договорен во јули, но потпишан во саботата. Пари Сен-Жермен со Нејмар и Мбапе сега се на второто место со 6.5 милиони фунти годишно, додека Реал Мадрид се трети со 6.2 милиони фунти.

Манчестер сити и Манчестер јунајтед се тимовите кои најдобро плаќаат во Англија. Двата тима се на 5.2 милиони фунти просек по играч, или 100.000 фунти по недела. Јунајтед лани даваа најмногу на плати, но дел од договорите за 2017/18 се намалени (Златан Ибрахимовиќ) или воопшто ги нема (Вејн Руни и Бастијан Швајнштајгер).

НБА кошаркарите имаат најголема просечна плата од 5.5 милиони фунти, додека безбол играчите од МЛБ лигата се на 3.4 милиони фунти, по што следуваат крикет-играчите од Индиската премиер лига со просек од 3 милиони фунти.

Премиер лигата со 2.64 милиони фунти е пред шпанската Ла лига (1.68), Серија А (1.33), Бундеслигата (1.26) и француската Лига 1 (944.405 фунти).

Scroll to Top