Top Sport

Просинечки и трет пат ќе биде опериран

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, деновиве треба да пристигне во Сараево каде му е закажана третата операција. Како што пишува „Дневни аваз“, операцијата била закажана за 15 февруари и не би требало да трае повеќе од еден час.

Потсетуваме дека Просинечки се пожалил на болки во пределот на стомакот, по враќањето од Лас Палмас, каде Босна и Херцеговина на 18 ноември минатата година играше пријателски меч против Шпанија.

Селекторот на БиХ бил хоспитализиран, а потоа поради проблемите со тенкото црево бил опериран. Првиот оперативен зафат траел речиси четири часа. Втората операција му била извршена на 1 декември минатата година.

„Дневни аваз“ пишува дека во Фудбалскиот сојуз на БиХ биле сигурни дека Просинечки ќе го води националниот тим во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година.

БиХ првиот квалификациски меч ќе го одигра во Сараево на 23 март против Ерменија.

Scroll to Top