Роберт Просинечки по само три месеци ќе си замине од Олимпија Љубљана, тврдат словенските медиуми, а главната причина се финансиските проблеми на најпознатиот словенечки клуб, поради кои доцнат платите и се нема пари за засилувања во летниот преоден рок.
Според словенечка „Екипа“, Просинечки и спортскиот директор Млаен Рудоња решиле да го напуштат клубот, револтирани што изборот на фудбалери го прави директоро на клубот Игор Баришиќ.
Популарниот „Жути“ беше тренер и на Црвена звезда, Кајсериспор и Денизлиспор во Турција, како и селектор на репрезентациите на Босна и Херцеговина и Азебејџан.