Роберт Просинечки повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Информацијата на медиумите им ја потврдил потпретседателот на Сојузот Милорад Софрениќ.
Заминувањето на Просинечки е очекуван бидејќи тој со репрезентацијата на БиХ имаше очајни квалификации за пласман на ЕУРО 2020. Во групата со Италија, Финска, Грција, Ерменија и Лихтенштајн БиХ го освоија четвртото место.
„Со Роберт Просонечки спогодбено го раскинавме договорот. Синоќа имавме состанок, а денес телефонски разговаравме со останатите членови на Извршниот одбор и ја донесовме конечната одлука“, рекол Софрениќ.
Просинечки две години бил селектор на БиХ. Во својот мандат на 22 натпревари забележал девет победи, седум порази и шест нерешени резултати.
БиХ се уште има шанси да се пласира на ЕУРО 2020, во баражот во Лигата на нации ќе играат против Северна Ирска во полу-финалето, а во евентуалното финале со победникот од дуелот помеѓу Словачка и Република Ирска.