Top Sport

Просинечки: Сите кога бевме деца сакавме да бидеме како Цицо Крањчар

Легендата на хрватскиот фудбал, Роберт Просинечки се прости со Златко Цицо Крањчар, легендарниот фудбалер и тренер на Динамо Загреб, кој почина на 65 години во Загреб.

Крањчар ја почна кариерата во Динамо во 1973 и десет години беше во тимот со 261 настап и 98 гол, а беше дел од славната генерација во 1982 која ја освои првата титула по пауза од 24 години, по што трипати беше тренер на клубот, освојувајќи титули во 1996 и 1998 година, и двапати носејќи ги во ЛШ.

Просинечки се потсети на лудата 3:0 победа над Селтик во 1998 година, кога беше дел од тимот.

„Мене тој секогаш ми беше посебен. Сите како деца сакавме да бидеме Цицо, а нашето долгогодишно пријателство е нешто на што сум горд. Цицо беше страшен играч, талентиран тренер и некој кој ја напиша историјата на Динамо и на хрватскиот фудбал. Ги сакам сите, и Нико и Елвира и цело семејство“, вели Просинечки.

Scroll to Top