Легендарниот хрватски фудбалер, Роберт Просинечки и официјално е потврден како нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина по состанокот на извршниот одбор на федерацијата.
Просинечки го заменува Мехмед Баждаревиќ на позицијата, откако тој во два квалификациски циклуси не успеа да ја пласира БиХ на големите натпреварувања. Хрватот претходно работеше како селектор на Азербејџан.
„Секако дека сум задоволен. Да се води репрезентација со феноменални играчи и огромен потенцијал не е мала работа. Дали очекував дека ќе ја добијам позицијата? Знаете, човек секогаш се надева. Можам да ветам дека ќе го дадам мојот максимум за репрезентацијата со овие играчи да отиде на големо натпреварување“, вели Просинечки.
Првиот тест за „Жутиот“ се на 28 и 31 јануари, на пријателските натпревари против САД, односно Мексико.