Top Sport

Прославата на голот на Перу предизвикала земјотрес!

Лима буквално се тресеше кога Џеферсон Фарфан го постигна првиот гол за Перу во баражот со Нов Зеланд, предизвикувајќи аларм кај неколку апликации за детектирање земјотреси.

Шпанската верзија на „Ертквејк нетвор“ апликацијата, со која со мобилни телефони се регистрираат потресите, прати предупредување моменти откако ветеранот на Перу го постигна првиот гол во Лима.

Веднаш потоа, експертите сфатија дека причината за потресот не е движењето на земјата, туку на радосните Перуанци.

„Потврдено е дека нема природни земјотресни активности во Лима. Возбудата на Перуанците ја активираше апликацијата“, објави „Сисмологија Чиле“.

Scroll to Top