Top Sport

„Протекции“? Спалети ќе го направи Ди Лоренцо нов италијански капитен

Лучано Спалети има голема доверба во својот поранешен играч од Наполи, Џовани ди Лоренцо, што планира тој да биде капитен на италијанската репрезентација, тврдат италијанските медиуми.

64-годишниот Спалети ќе биде официјално презентиран како нов италијански селектор оваа недела откако го замени Роберто Манчини, и според „Ил матино“, првиот чекор ќе биде промоција на Ди Лоренцо во капитен, бидејќи тој е играчот во кој има најголема доверба.

Ди Лоренцо би го заменил ветеранот на Јувентус, Леонардо Бонучи, кој се наоѓа во незавидна ситуација – Јуве го исфрли од тимот и покрај тоа што има уште една година од неговиот договор.

Scroll to Top