Top Sport

Протест со перформанс на навивачите на Малага, случаен турист стана „нов играч“ на клубот

Малага е во голема резултатска и финансиска криза. Клубот кој пред десет години играше во четвртфиналето на Лигата на шампионите минатата сезона заврши на 20. место во Сегунда (Ла Лига 2) и оваа сезона ќе се натпреварува во третото ниво на шпанскиот фудбал, но тоа не е единствениот извор на незадоволство кај навивачите.

Клубот летово не донесе нови играчи. Револтирани од трансфер политиката на клупското раководство, навивачите решија да ги преземат работите во свои раце и да го изразат својот протест со уметнички перформанс.

На аеродромот, тие избраа случаен турист, глумеа се воодушевени, а сликата да биде целосна имаше и „новинари“ и “обезбедување“. Отпрвин ништо не му беше јасно на човекот, но сепак се потпиша на дресот и со тоа стана „нов играч “ на Малага.

Scroll to Top