Легендата на Милан и на италијанскиот фудбал во својата супер-долга и супер-успешна кариера играл против многу големи фудбалски имиња, но открива дека Диего Марадона, Роналдо (оригиналниот) и Зинедин Зидан се најтешките противници против кои се сретнал.
52-годишниот Малдини, кој сега е спортски директор кај „росонерите“, каде што ја помина цела кариера, е сметан за еден од најдобрите одбранбени играчи во историјата и тој му го даде прекарот на бразилскиот Роналдо „Ил феномено“ кога тој играше за Интер.
„Најтешки противници сигурно ми се Диего Марадона, Зинедин Зидан и Роналдо, кој беше феноменален во две години во Интер“, открива Малдини во интервју за „Ла газета дело спорт“.
Самиот Роналдо пак, во минатото го означи токму Малдини како најтешкиот одбранбен играч во историјата.
„Паоло Малдини не само што беше најтешкиот дефанзивец против кого играв, туку најтешкиот во историјата. Други во таа ера беа и Фабио Канаваро, Алесандро Неста и Пјетро Виерховод“, изјави Роналдо.
И неговиот сонародник, Роналдињо ги искажа неверојатните способности на Малдини, со кого беше соиграч во Милан.
„Мора да биде Паоло, нели? Невозможно е да не си восхитен од тоа како работите ги правеше без напор, посебно кога е од твоја страна“, изјави Роналдињо.
За помладите фудбалски фанови кои немале чест да го гледаат Малдини во акција, подолу има убава колекција на неговите фудбалски квалитети.