Атлетико Мадрид го забележа првиот пораз во Ла Лига дури во 17.коло. „Јорганџиите“ гостуваа кај Еспањол во Барселона и загубија 1:0.
Еспањол до победата стигна со голот ан Серхио Гарсија во 88.минута. Напаѓачот на домашниот тим ладнокрвно го реализира контранападот на својот тим. Гарсија кој долго отсуствуваше поради повреда го постигна својот прв гол по пауза од 18 месеци.
Претходно двата тима имаа по една добра шанса, најпрвин Лео Баптистао не успа да го совлада Облак иако беше сам пред него во 19.минута, а во 75.минута Гамерио гаѓаше директно во голманот на Еспањол.
Атлетико постигна гол во 70.минута преку Годин, кој беше поништен поради прекршок.
Еспањол ја запиша втората победа на последните седум натпревар и сега има 20 бода, додека Атлетико со првиот пораз во сезоната остана на 36 бода.