Џанлуиџи Буфон продолжува да пишува фудбалска историја на 41 година, откако на вчерашниот меч на второлигашот Парма против Беневенто (0:0) по 500. пат во еден професионален меч успеа да ја сочува својата мрежа недопрена.
Рекордот на италијанскиот голман е поставен во 322 меча со Јувентус, 92 со парма, 9 со Пари Сен-Жермен и 77 со италијанската репрезентација.
Покрај ова, Буфон е рекордер со 653 настап во Серија А (победувајќи го Паоло Малдини), а во кариерата има освоено 27 титули, меѓу кои 9 скудета, 5 Копа Италија, 6 Суперкупови, еден УЕФА куп и Светското првенство во 2006. Единствено во колекцијата му недостасува трофеј од Лигата на шампионите, иако играше три финалиња со Јуве.