Интер ја забележа првата победа оваа сезона во Серија А. Тимот на Лулано Спалети славеше во Болоња со 3:0.
Интер, на „Ренато Делара“, одигра лошо прво полувреме, а отпорот на Болоња го скрши во последните 20 минути од натпреварот.
Белгиецот Раџа Наинголан, го имашр своето деби во новиот тим, по летниот трансфер од Рома и веднаш успеа да постигне гол. Наинголан ја надмудри одбраната на Болоња во 67.минута.
Победата гостите ја потврдија во последните осум минути, кога најпрвин Кандрева во 82., а потоа и Перишиќ во 85.минута ја погодија мрежата на домашниот тим.