Top Sport

Прва цел на Атлетико останува Марко Верати

Атлетико Мадрид има план да го донесе италијанскиот ас на Пари Сен-Жермен, Марко Верати, но поради тоа што францускиот клуб бара 70 милиони евра за него, „рохибланкос“ прво треба да продадат неој фудбалер, тврди „Марка“.

За Верати постои интерес и кај Ливерпул, и не е јасно дали ПСЖ ќе се решат да го продадат, посебно поради конфликтот кој го има клубот со Килијан Мбапе.

Атлетико веќе ги донесе Хави Галан, Чаглар Сојунџу, Цезар Аспиликуета и Сантијаго Мурино во летниот преоден рок, а трансферот на Верати би се реализирал доколку тимот на Диего Симеоне најде купувач за Жоао Феликс.

Scroll to Top