Top Sport

Првиот човек на Ла Лига: Роналдо не ни недостасува!

Претседателот на шпанска Ла Лига, Хавиер Тебас во разговор за „Марка“ ги коментира потенцијалните заминувања на Лео Меси и Серхио Рамос од шпанските клубови. Тој како пример го зема и заминувањето на Кристијано Роналдо.

„Секако дека не сакам да одат, но ако тоа се случи, ќе мораме да ги засукаме ракавите и тој губиток да го надополниме. Отиде и Роналдо, но ве уверувам дека ништо не се промени, дури и мислам дека Роналдо не ја подобри Серија А“ – вели Тебас.

Се осврна и на заминувањето на Нејмар од Барса во ПСЖ.

„Отиде во француската лига, но тоа и понатаму е само француска лига. Ла Лига е силен бренд и големите клубови во неа се над играчите, колку и да се големи ѕвезди“ заклучи тој.

Scroll to Top