Првиот човек на Примера Хавиер Тебас меѓу првите се огласи по повод казната што УЕФА им ја изреча на Манчестер сити. Тебас не го крие задоволството од изречената казна. УЕФА вчера објави дека Сити на две години се суспендирани од европските купови поради кршење на правилата од финансискиот фер-плеј.
„УЕФА конечно презеде една одлучувачка акција. Примената на правијата од финансискиот фер-плеј и изрекување на казни кога тој ќе биде прекршен има пресудно значење за фудбалот. Со години бараме да се преземе решителна акција против Манчестер сити и ПСЖ. Подобро сега отколку никогаш“, напишал на „Твитер“, Тебас.