Top Sport

Првиот човек на ПСЖ: Фудбалот е игра за сите, ние во клубот сме како семејство!

Претседателот на актуелниот француски фудбалски шампион ПСЖ – Насер Ал-Калифи излезе со свој коментар околу основањето на Суперлигата. Засега, според информациите, клубот од Париз не е дел од елитното натпреварување, иако првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги повикал „Светците“ да им се придружат.

„Цврсто верувам дека фудбалот е игра за сите. Од самиот почеток во ова сум многу јасен. Како клуб, ние сме како семејство дел од заедницата која почива на навивачите. Тоа никогаш не смее да го заборавиме“ рече Ал-Калифи.

Тој дадe недвосмилена поддршка за УЕФА.

„УЕФА 24 месеци работеше за да предложи нов формат на натпреварување, вчера го претстави, ние го поддржуваме тоа. Две години интензивна работа, соработка и консултации се потрошени на тој проект. Сметам дека било кој проект кој нема поддршка од УЕФА, организацијата која ги следи интересите на фудбалот веќе 70 години, не е одговор на предизвиците на модерниот фудбал, туку залоѓба за задоволување на сопствени потреби. ПСЖ ќе продолжи да работи со УЕФА“ рече меѓудругото претседателот на ПСЖ.

Scroll to Top