Top Sport

Првиот човек на ПСЖ обвинет за давање поткуп

Јавниот обвинител на Швајцарија денеска поднел обвинение против претседателот на Пари Сен Жермен Насер Ал-Келаифи и поранешниот генерален секретар на ФИФА Јоаким Валке за примање и давање поткуп.

Ал-Келаифи, покрај што е претседател на ПСЖ, тој е и сопственик на „БеИН Медиа Груп“, а исто така е и член на Извршниот одбор на УЕФА.

Против овие двајца е покренато обвинение поврзано со доделувањето на телевизиските права за Светските првенства.

Ал-Келаифи за неговата групација да ги обезбеди правата за Светските првенства (период од 2018 до 2030) со 1,25 милиони евра го подмитил Валке. Инаку поради други нечесни работи во 2016 година на 12 е исфрлен од фудбалот.

Докажано е дека Валке со тогашниот прв човек на ФИФА Сеп Блатер земал поткуп за продажбата на телевизиските права за натпреварите од Светксите првенства.

Покрај пари Валке добил и некои други бенифити од Ал-Келаифи, како што е користењето на луксузната вила на Сардинија која е сопственост на првиот човек на ПСЖ.

Scroll to Top