Top Sport

Прво двапати го победи ракот, потоа го спаси Рочдејл од испаѓање (видео)

Од сите инспиративни приказни од англискиот фудбал и борбата за опстанок во лигите, секако највпечатлива е таа на Џо Томпсон.

Играчот од средниот ред на Рочдејл го постигна голот со кој неговиот тим обезбеди опастанок во Лига 1 (трета лига) и покрај тоа што пред последното коло, тимот беше во зоната за испаѓање. Томпсон го постигна единствениот гол во мечот против Чарлтон во 69. минута за останување во третата лига.

Томпсон се врати во тимот по Божиќ откако имаше сопствена борба за опстанок, бидејќи двапати во пет години му беше дијагностициран рак. Во 2013 година тој доби дијагноза на Хоџинова лимфома, во 2014 беше излечен по шестмесечна хемотерапија. На почетокот на минатата година тој повторно се врати, за уште еднаш тој да се бори за својот живот.

„Тоа е запишано во ѕвездите, вистинска судбина. На крајот вредеше. Никогаш не сум имал ништо лесно во мојот живот, но секогаш сум го извлекувал најдоброто од лоша позиција. Играш со картите кои ги имаш и го даваш максимумот. Ова беше значаен ден за мене и за моето семејство“, вели Томпсон.

Scroll to Top