Лионел Меси и Кристијано Роналдо по 11 години нема да бидат актери на најголемото дерби во шпанскиот фудбал. Аргентинецот од Барселона е повреден, а Португалецот летово замина од Реал.
На 23.декември 2007 година, Реал победи 1:0 со голот на Жулио Баптиста и тоа е последното дерби на кое не играле Меси и Роналдо. Утре, по 3.692 дена, дуелот на големите ривали ќе мине најдобрите играчи во во светот, во последната деценија.
Аегашниот капитен на Реал, Серхио Рамос е единствениот фудбалер што од тој 23.декември 2007 година играл на сите натпревари на „Ноу Камп“, додека Бразилецот Марсело пред 11 години бил резерва.
Во пресрет на дербито (недела, 16:15 часот) Барселона е на првата позиција со 18 бода, додека Реал е седми со четири бода помалку.