Фудбалерот од средниот ред на Вилјареал, Ману Тригуерос не го дочека крајот на мечот со Барселона, откако имаше неверојатно груб старт над Лионел Меси, а потоа се чудеше зошто добил црвен картон.
При 1:2 водство на Барса, Тригуерос во 66. минута се обиде да го сопре Меси, уништувајќи го Аргентинецот со старт кој можеше да значи крај на сезоната за Аргентинецот. Иако можеби немаше злобна намера од фудбалерот на Вилјареал, беше чудно што тој се чудеше кога судијата Карлос де Серо Гранде му покажа црвен картон. Меси продолжи да игра по кратка медицинска пауза.
What a Dangerous tackle
pic.twitter.com/77W180q8Xf— Messi Worldwide (@Messi_Worldwide) April 25, 2021