Top Sport

Прво звучно име започна преговори со Њукасл – стоперот на Баерн Минхен

Првото звучно фудбалско име кое започна преговори за преселба во редовите на премиерлигашот Њукасл е стоперот на минхенски Баерн, Никлас Зиле.

Корпулентниот дефанзивец ја игра последната сезона од договорот со баварскиот клуб и засега нема најави дека ќе има продолжување на соработката.

За разлика од Кимих и Горецка кои потпишаа нови долгорочни договори, изгледа Управата на Баерн не верува во Зиле кој бараше зголемување на платата.

Изминатово лето Челси пројави интерес за Германецот, а информациите се дека неговите агенти уште пред три недели стапиле во контакт со англискиот клуб.

За Њукасл е важно да можат што поскоро да привлекуваат звучни фудбалски имиња, а стоперот на „Панцирите“ сигурно е еден од нив.

Олеснитена околност е тоа што наредното лето Зиле е слободен играч, му истекува догодовор со германскиот шампион.

Scroll to Top