Top Sport

Првото засилување на Јувентус ќе биде Саул Нигез

Масимилијано Алегри се врати во Јувентус. Трофејниот тренер потпиша договор до јуни 2025 година. Годишно ќе заработува девет милиони евра.

Враќањето на Алегри ќе донесе и големи промени во составот на Јувентус. Тренерот ќе има поголеми овластувања во трансфер-политиката. Според медиумите, Алегри сака да го засили редот за врска и да го задржи ветеранот Џорџо Кјелини.

Италијанските медиуми тврдат дека првото засилување на Јувентус ќе биде Саул Нигез од Атлетико Мадрид.

Неодамна првиот човек на Атлетико, Мигел Анхел Хил Марин, изјави дека клубот нема да им стои на патот на играчите кои ќе побараат трансфер.

Саул, оваа сезона, го загуби местото во стартниот состав кај тренерот Диего Симеоне. Поради тоа и не доби повик во репрезентацијата за Европското првенство.

Пред две години, Саул, одби трансфер во Манчестер јунајтед за 80 милиони евра, но ова лето би можел да го напушти Мадрид.

Саул Нигез има договор со Атлетико до 2026 година и откупна клаузула од 120 милиони евра.

Scroll to Top