Првпат по 80 години, ниту еден британски судија нема да учествува на Светско првенство, откако ФИФА ја објави листата од 36 судии и 63 помошници судии за Мундијалот во Русија. Тие доаѓаат од 46 земји, но ниту еден од Англија, Велс, Шкотска или Северна Ирска.
Необично, САД, со двајца судии и двајца помошници има најмногу учесници меѓу делителите на правда.
Помошниците за ВАР системот, кои за првпат ќе се користат на СП, ќе бидат избрани од именуваните судии.
Англичанецот Марк Клатенбург, кој го судеше финалето од ЕП во 2016 меѓу Франција и Португалија, беше на првичната листа на ФИФА, но беше отстранет откако замина од Премиер лигата за да работи во Саудиска Арабија.
„Разочарувачки е бидејќи ние се гордееме на интернационалните мечеви кои нашите судии ги имаа последните години. Кога Марк замина во Саудиска Арабија, немаше друг избор“, вели шефот на судиската организација во Англија (ПГМОЛ), Мајк Рајли.
Хауард Веб, кој беше судија на финалето на СП во Јужна Африка во 2010, беше единствениот англиски судија во Бразил во 2014 година.
FIFA announces list of referees and match officials for World Cup. Many familiar names. https://t.co/wg62JMYhYv pic.twitter.com/mamEBko4fX
— Andrew Das (@AndrewDasNYT) March 29, 2018