Во саботата во Португалија се покажа првиот бел картон во историјата на фудбалот, и за разлика од традиционалните жолти и црвени картони, овојпат се работи за позитивна работа – признавање на ферплеј.
Се работи за иницијатива на португалската федерација, и судијката Катарина Кампос беше прва која го покажа картонот на меч од женскит куп помеѓу Спортинг Лисабон и Бенфика, добивајќи одлични реакции на „Естадио да луз“. Откако на некој на клупата му се слоши, медицинските тимови на двата клуба се затрчаа да помогнат, по што го заслужија белиот картон.
Според федерцијата се рабти за картон кој треба да ги „подобри етичките вредности во фудбалот“.
Интересно, поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини имаше сосема различна идеја за бел картон – како казна за фудбалери кои се расправаат со судијата, по што би следело исклучување од 10 минути. Ова на крајот не се усвои.
As equipas médicas de Benfica e Sporting receberam cartão branco após assistirem uma pessoa que se sentiu mal na bancada 👏 pic.twitter.com/ihin0FAlJF
— B24 (@B24PT) January 21, 2023