Top Sport

ПСВ го декласираше Милан во пријателски меч

Милан на Стефано Пиоли доживеа тежок 3:0 пораз од ПСВ Ајндховен во последниот пријателски меч во 2022, и покрај тоа што на теренот за „росонерите“ беа повеќе стандардни првотимци како Сандро Тонали, Фикајо Томори, Исмаел Бенасер и Сержињо Дест, а во второто полувреме шанса добија и Симон Кјер, Рафаел Леао и Брахим Дијаз.

ПСВ поведе по само осум минути преку Гус Тил, за во 21. минута, Нони Мандуеке да го удвои водството со прекрасен гол. Мандуеке беше човекот на мечот со вториот гол во 56. минута.

Милан ја рестартира сезоната против Салернитана на 4 јануари.

Scroll to Top