Top Sport

ПСВ го вратија Чаки Лозано од Наполи

ПСВ Ајндховен и официјално го потврди пристигнувањето на Ирвинг „Чаки“ Лозано од Наполи, што всушност претставува враќање на Мексиканецот во холандската лига.

Лозано помина две сезони во Ајндховен, пред во 2019 година да потпише за Наполи, за кои постигна 30 гола и 17 асистенции во 155 настапи а минатата сезона ја освои и италијанската титула.

Се верува дека холандскиот клуб плати околу 12.2 милиони евра за Лозано.

Scroll to Top