Најскапиот фудбалер на сите времиња, Бразилецот Нејмар, нема да игра вечерва за ПСЖ во Лига купот против Стразбур. Причините поради која клубот му дозволил на Нејмар да замине во Бразил се бизарни.
Првата ѕвезда на ПСЖ според клубот добил дозвола да оди во Бразил „поради семејни обврски“, додека медиумите тврдат дека морал да го посети својот забар и попат да биде присутен на роденденот на еден од пријателите на неговиот татко.
See Why Star Man Neymar Will Miss PSG’s Important Match Against Strasbourg https://t.co/V0GAV0StT4 pic.twitter.com/9DeKgeyFH5
— Mixinfo.com.ng (@NgMixinfo) December 13, 2017
Нејмар во Париз добива сè што ќе посака и се однесува како вистински газда во тимот. Тој има договорено да не ги игра т.н. „мали натпревари“, а очигледно смета дека токму таков е натпреварот со Стразбур во Лига купот.
Бразилецот и додека беше член на Барселона често ја посетуваше татковината. На почетокот на годината без дозвола на клубот замина во Бразил за да присуствува на роденденот на својата сестра. Поради непочитување на клупските правила, Барселона го казни само со укор.