Top Sport

ПСЖ би го „вдомиле“ Роналдо во јануари за лудо партнерство со Меси?

Што правите ако во својот тим ги имате Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе? Секако, се обидувате да им го „додадете“ и Кристијано Роналдо. Според „Скај спортс Германија“ во Пари Сен-Жермен сериозно размислуваат за опцијата во јануарскиот преоден рок да го „вдомат“ Португалецот, кој тешко дека ќе остане во Манчестер јунајтед по вчерашното интервју во кое ги нападна клубот, менаџерот и поранешниот соиграч Вејн Руни.

Според Флоријан Плетенберг од „Скај спортс Германија“, газдите на ПСЖ се сериозно заинтересирани да го купат освојувачот на пет „Златни топки“ во текот на јануарскиот преоден рок, а најголема пречка претставува советникот на тимот, Луис Кампос, кој смета дека клубот треба да носи млади играчи и да се подмлади во следните преодни рокови.

Можна опција останува и Челси, чиј нов газда Тод Бели беше подготвен да го купи Роналдо во текот на летниот преоден рок, но беше разубеден од сега веќе поранешниот менаџер Томас Тухел, а опција исто така е и враќање во својот прв професионален клуб, Спортинг Лисабон.

Scroll to Top