Top Sport

ПСЖ дадоа 37 милиони евра за Керер!

Пари Сен-Жермен не штеди за засилување на својот состав. Француските шампиони го донесоа младиот германски дефанзиве Тило Керер од Шалке за 37 милиони евра.

21-годишниот германскиот репрезентативец до 21 година, потпиша петгодишен договор со ПСЖ и младиот Керер е презадоволен.

„Со многу радост и амбиции доаѓам во Париз. Сите во Европа знаат колку е силен и возбудлив овој тим на Пари Сен-Жермен и не можев да помислам за подобар клуб да ја продолжам кариерата“, изјави Керер.

Претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи вели дека неговиот клуб морал да се „бори“ со неколку големи клубови за Германецот.

„Пресреќен сум што можеме да донесеме фудбалер со квалитетот на Тило Керер. Неколку големи клубови го бркаа неговиот потпис, но тој не избра нас“, вели Ал-Хелаифи.

Scroll to Top