Пари Сен-Жермен дале понуда од 75 милиони евра за фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.
Според весникот, новиот спортски директор на „светците“, Леонардо се надева дека ќе може да ја искористи пријателската врска со агентот на Милинковиќ-Савиќ, Матеја Кежман за овој трансфер да се реализира.
Секако, главна пречка е претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој наводно одбил понуда од 120 милиони евра (кои би се исплатиле на четири рати) од Милан, додека Леонардо работеше со италијанскиот клуб. Сепак, се тврди дека Лотито и Кежман имаат џентлменски договор со кој ќе му се даде зелено светло на Србинот да замине од „Олимпико“ ако се најде добра понуда.
И покрај критиките за падот на формата минатата сезона, 24-годишниот Србин беше прогласен за најдобар фудбалер од средината на теренот во Серија А.