Top Sport

ПСЖ ги делат 45 минути од остварувањето на сонот за финале на ЛШ

Пари Сен-Жермен се на чекор од остварување на својот сон за пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако по доминантното прво полувреме против РБ Лајпциг веќе имаат 2:0 водство против бундеслигашот.

„Светците“ ги начнаа „биковите“ уште во 13. минута, кога Анхел ди Марија совршено му ја намести топката на Маркињос, кој со фантастичен скок успеа да го донесе францускиот тим во водство, а откако имаа над 60 отсто од поседот на топката, во 42. минута, по една лоша интервенција на голманот на Лајпциг, Гулачи, Нејмар го пронајде Ди Марија, кој ја смести топката во мрежата.

За одбележување е дека на ПСЖ им беше поништен уште еден гол (поради игра со рака), а Нејмар ја погоди и пречката во финишот на полувремето.

Scroll to Top