Top Sport

ПСЖ ги нудат Донарума и Верати за Бернардо Силва

Во една необична шпекулација во летниот преоден рок, „Ле 10 спорт“ тврди дека спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Луис Кампос ги понудил голманот Џанлуиџи Донарума и Марко Верати на Манчестер сити во можна трампа за Португалецот Бернардо Силва.

Силва има договор со Сити до јуни 2025 година и европскиот шампион нема намера да го продаде за сума помала од 80 милиони евра. Тие биле подготвени за преговори со Сити, но Пеп Гвардиола не бил заинтересиран за италијанскиот голман Донарума, ниту за фудбалерот од средниот ред Верати.

Донарума премина од Милан во ПСЖ како слободен играч во 2021 година, и оваа сезона стана прв голман на ПСЖ, откако минатата година „ротираше“ на позицијата покрај Кејлор Навас. 30-годишниот Верати е во ПСЖ од 2012 година, но имаше потпросечна сезона за „светците“ откако претходно беше еден од „моторите“ на тимот.

Scroll to Top