Пари Сен-Жермен веќе ги почнале преговорите со Милан за добивањето на младиот голман Џанлуиџи Донарума во договор со кој Алфонс Ареола би завршил на „Сан Сиро“, јавува „ЕСПН“.
Италијанскиот клуб повеќе би сакал кеш, односно повеќе од 50 милиони евра, а свој дел сигурно ќе добие и агентот Мино Рајола, кој е претставник на двајцата голмани. Минатата сезона, Ареола го делеше стартното место со ветеранот Џанлуиџи Буфон, и новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо би сакал да донесе етаблиран број 1 на голот.
Францускиот клуб и во минатото го сакаше 20-годишниот Леонардо, а Милан има значителни проблеми со финансискиот фер-плеј (ФФП), откако УЕФА потврди дека ги исфрла од Лига Европа следната сезона, така што би морале да продадат дел од фудбалерите.