Top Sport

ПСЖ го комплетира трансферот на Данило Переира

ПСЖ се засили од Порто. Во клубот пристигна репрезентативецот на Португалија Данило Переира. Откако вчера на позајмица го донесоа напаѓалот Моисе Кеан од Евертон, ПСЖ на ист начин од Порто го донесоа Переира.

ПСЖ на порто ќе му плати 4.000.000 евра за заемот на Переира, а по завршувањето на сезоната ќе има обврска за сума од 16.000.000 во целост да го откупи неговиот договор.

Данило Переира изминатите пет сезони беше еден од најзначајните играчи во тимот на Порто. Овој фудбалер има одиграно 39 натпревари за Португалија, со националниот тим во 2016 година стана европски првак, а во 2019 ја освои Лигата на нации.

 

Scroll to Top