Top Sport

ПСЖ го потврдија трансферот на Паредес

Леандро Паредес од денес е фудбалер на Пари Сен Жермен, потврдија од неговиот досегашен клуб Зенит од Санкт Петербург.

24-годишниот Паредес во јули 2017 година за 23 милиони евра од Рома се преселил во Зенит. Претходно во кариерата бил играч на Бока Јуниорс и Киево.

Аргентинецот за Зенит одиграл 61 натпревар и забележал 10 гола и 15 асистенции. За националниот тим настапил на девет натпревари.

Пари Сен Жермен за трансферот на Паредес издвоиле 45 милиони евра. Аргентинецот потпишал четири и пол годишен договор.

Scroll to Top