ПСЖ е подготвен на Јувентус, во летниот преоден рок, да му плати на Јувентус 80 милиони евра за Миралем Пјаниќ.
Како што пренесува „Кориере дела сера“, сопствениците на ПСЖ, во обид да го привлечат Пјаниќ, ќе му понудат двојно поголема плата од онаа што ја има во Јувентус.
Доколку го реализира трансферот репрезентативецот на Босна и Херцеговина, годишно би заработувал девет милиони евра.
Пјаниќ беше трансфер цел на ПСЖ и во 2016 година, но тогаш тој за сума од 32 милиони евра од Рома се пресели во Јувентус.