Пари Сен-Жермен ќе го вратат Чави Симонс од ПСВ Ајндховен, но може веднаш да го продадат на Тотенхем во обид да го добијат Хери Кејн, тврди Џанлука ди Марцио.
Чави Симонс е играч на ПСВ Ајндховен, но ПСЖ сакаат да ја активираат клаузулата во неговиот договор за потоа дад го пратат на позајмица, но сега постои опција да го дадат на Тотенхем и така да ги убедат да го преземат Кејн пред германските ривали Баерн Минхен. Баварците остануваат фаворити за потписот на англискиот капитен, откако почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес тврди дека зделката ќе се случи, но никогаш не може од равенката да се одземе клуб како Пари Сен-Жермен.
Договорот на 29-годишниот Кејн завршува во 2024, но Тотенхем инсистираат дека тој нема да го напушти клубот и го вклучија во составот кој ќе патува на турнејата низ Австралија и Азија.