Top Sport

ПСЖ го врбува Алегри

Италијанските и француските медиуми повторно ја лансираа приказната за заминувањето на Масимилијано Алегри од клупата на Јувентус.

Наводно, тренерот на италијанскиот шампион е прв на листата на желби, на раководните луѓе на ПСЖ.

Клубот кој минатото лето ги реализира двата најголеми трансфери во историјата на фудбалот верува дека со Алегри на клупата ќе може да ја освои и Лигата на шампионите.

„Лекип“, пишува дека актуелниот тренер на ПСЖ, Унаи Емери ќе остане во Париз само доколку ја освои Лигата на шампионите, во спротивно ќе добие отказ.

Алегир има договор со Јувентус до 2020 година, тој со овој клуб во последните три години играше две финалиња во Лигата на шампионите.

Овој 50-годишен тренер, во вторникот, осми пат по ред избори пласман во нокаут фазата во Лигата на шампоните.

Алегри во Јувентус е од 2014 година, а претходно етири години го предводеше Милан.

Scroll to Top